Проекти

  • ИМПУЛС проект
  • SPATIAL проект
ИМПУЛС проект

Проектот има за цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во  земјите од Регионот  во  процесот на имплементација на INSPIRE Директивата односно воспоставувањето на Национална Инфраструктура за Просторни Податоци (НИПП). Проектот ќе обезбеди капацитети со цел  да се постигне техничка интероперабилност помеѓу институциите, дистрибуција на гео-податоците во електронски форма, развој на  услуги и сервиси со цел размена и споделување на  гео-податоци  помеѓу институциите во секоја земја, меѓу земјите од Регионот како и со земјите од Европската унија.

Буџетот на проектот  е подржан со средства од Шведската агенција за меѓународен развој – Сида во износ од   38 900 000 шведски круни  дел од средствата обезбедуваат и партнерите во проектот и тоа  главен носител на спроведувањето на проектот е  Шведска државна управа за картографија, катастар и запишување на земјиште -  Lantmäteriet   додека помлад партнер е Државната геодетска управа на Република Хрватска. Планирано е  ИМПУЛС  проектот  да се   имплементира во период од 2014  до 2018 година. Корисници на проектот се осум институци од шест земји од Регионот, и тоа:

  • Централна Управа за Запишување на Недвижен имот на Република Албанија
  • Национална управа за геопросторни информации во Албанија
  • Сојузна управа за геодетски и имотни односи на ФБиХ
  • Републички Завод за геодетски и имотни работи на Република Српска
  • Агенцијa  за Катастар на Косово
  • Агенција за Катастар на Недвижности на Република Македонија
  • Директорат за Недвижности на Република Црна Гора
  • Републичкиот геодетски завод на Република Србија

Проектот е дизајниран во вкупно шест работни пакети , и тоа:

  • Работен Пакет 1 – Управување со проектот и администрација
  • Работен Пакет 2 – Политики за размена на податоци и регулатива
  • Работен Пакет 3 – Хармонизација на податоците
  • Работен Пакет 4 – Метаподатоци и Евалуација на Квалитет (збирки, услуги)
  • Работен Пакет 5 – Распространување на информации: o    Услуги o    Портал(и)
  • Работен Пакет 6 – Придобивки: o    Демонстрации o    Спроведување на пилот проекти

Очекуваните резултати од  проектот  се градење на специфична компетентност на вработените во институциите преку подготовка на тренинг програма за обуки, тренинг и едукација, развој на стратегија за комуникација за главните чинители во ИНСПИРЕ Директивата и нивна зголемена свесност за потребата од развивање и споделување на гео-податоците преку сервиси. Подгототовката и развојот на моделите за споделување  на податоци, развојот на техничката архитектура на инфраструктурата на просторни податоци, хармонизацијата на податоците имат за  цел градење на заедничка платформа и  меѓуграничната  соработка  меѓу земјите од  Регионот во областа на размената на просторните податоци.

Зајакнат професионален пристап до информации за земјиште (SPATIAL) во регионот на Западен Балкан

Регионалниот проект – Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL) in the Western Balkan Region – е финасиран од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на MATRA предпристапната програма.MATRA програмата е управувана од страна на Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија и има за цел да даде подршка на земјите од Регионот на Југоисточна Европа во процесот кон приклучувањево Европската унија. Преку Регионалниот MATRA проект се планира да им се помогне  на земјите од Западен Балкан во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот  до расположливите геопросторни информации. Пристапот, транспарентноста и користењето на геопросторни податоци ќе овозможат носење на ефикасни и ефективни одлуки и водење политики од кои најголеми продобивки  би имало општеството во целина.

Проектот ќе се имплементира во период од 1 –ви Јануари 2017 година до 31 декември 2018 година, вкупниот проектен буџет е во износ од  530.000 евра и концепиран е во  три проектни компоненти:

  • Проектна компонента за Агенцијата за катастар на недвижности, Република Македонија,
  • Проектна компонента за  Републичкиот геодетски завод, Република  Србија и
  • Регионална проектна компонента.

Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со Холандската агенција за картографија, земјишна регистрација и катастар, работеше на подготовка на проектните активности кои се однесуваат на проектна компонента за Агенцијата за катастар на недвижности, и тоа :

  • Зголемено користење на геопросторните податоци и сервиси преку  националниот Геопортал на Република Македонија,
  • Подготовка на  план за комплетирање на Адресниот регистер во Република Македонија,
  • Зајакната институционална структура и управување,
  • Зајакнати институционални и организациски капацитети на АКН, при вршењето на функционалностите насочени кон обезбедување  сервиси,
  • Зголемено користење на геопросторните информации  во функција за масовната проценка,
  • Зајакната свесност и познавање на концептот на отворени податоци.