Инспире

  • Директива
  • За INSPIRE
  • Легислатива
  • Тела
  • Библиотека
  • Конференции
Голем чекор напред во Европа е направен во мај 2007 година со влегувањето во сила на Директивата INSPIRE за создавање на инфраструктура за просторни информации во Европа за поддршка на политиките за животна средина на Заедницата и политиките или активностите кои може да имаат влијание врз животната средина.

INSPIRE се базира на инфраструктури за просторни информации основани и управувани од страна на 28 земји-членки на Европската унија. Оваа Директива се однесува на 34 теми на просторни податоци потребни за апликации за животната средина, со клучните компоненти наведени во техничките правила за спроведување. Ова го прави INSPIRE единствен пример на “регионален” законодавен пристап.

Директива бр. 2007/2/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советотод 14 март 2007 година за формирање на Инфраструктура за просторни информации во Европската заедница (ИНСПАЕР) (14.03.2007)

INSPIRE Metadata Regulation (03.12.2008)

Commission Decision regarding INSPIRE monitoring and reporting (05.06.2009)

Commission Regulation (EC) No 976/2009 of 19 October 2009 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards the Network Services (19.10.2009)

Corrigendum to INSPIRE Metadata Regulation (15.12.2009)

Regulation on INSPIRE Data and Service Sharing (29.03.2010)

Commission Regulation (EU) No 1089/2010 as regards interoperability of spatial data sets and services (08.12.2010)

COMMISSION REGULATION (EU) No 1089/2010 of 23 November 2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data sets and services (08.12.2010)

Commission Regulation amending Regulation (EC) No 976/2009 as regards download services and transformation service (08.12.2010)

COMMISSION REGULATION (EU) No 102/2011 of 4 February 2011 amending Regulation (EU) No 1089/2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data sets and services (05.02.2011)

COMMISSION REGULATION (EU) No 1253/2013 of 21 October 2013 amending Regulation (EU) No 1089/2010 implementing Directive 2007/2/EC as regards interoperability of spatial data sets and services (10.12.2013)

Commission Regulation (EU) No 1311/2014 of 10 December 2014 amending Regulation (EC) No 976/2009 as regards the definition of an INSPIRE metadata element (11.12.2014)

Commission Regulation (EU) No 1312/2014 of 10 December 2014 amending Regulation (EU) No 1089/2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data services (11.12.2014)

Што претставува INSPIRE директивата?

INSPIRE директивата стапи во сила на 15 мај 2007 година, а ќе се спроведува во различни фази, со целосна имплементација која треба да заврши во 2019 година.

INSPIRE директивата има за цел да создаде инфраструктура на просторни податоци на Европската унија (ЕУ). Ова ќе овозможи размена на просторни информации за животната средина помеѓу организациите од јавниот сектор и полесен пристап на јавноста до просторните податоци во Европа.

Европската Инфраструктура на Просторни Податоци ќе помогне во креирање на прекуграничните политики. Поради тоа просторните информации предвидени со директивата се сеопфатни и вклучуваат голем избор на актуелни и технички теми.

INSPIRE се темели на неколку заеднички принципи:

  • Податоците треба да се прибираат само еднаш и да се чуваат онаму каде што може најефикасно да се одржуваат.
  • Треба да биде возможно просторните информации од различни извори низ Европа лесно да се комбинираат и да се споделуваат со многу корисници и апликации.
  • Треба да биде возможно информации собрани на едно ниво/размер да се споделуваат со сите нивоа/размери; детални за темелни истражувања, општи за стратешки цели.
  • Географските информации потребни за добро управување на сите нивоа треба да бидат лесно достапни и транспарентни.
  • Лесно да се пронајде кои географски информации се достапни, како истите може да се користат за да се задоволат одредени потреби и под кои услови може да се купат и користат.

Директивата 2007/2/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2007 година за создавање на инфраструктура за просторни информации во Европската заедница (INSPIRE) е објавена во Службениот весник на 25-ти април 2007 година. Директивата INSPIRE стапи во сила на 15 мај 2007 година.

За да се осигура дека инфраструктурите на просторните податоци на земјите-членки се компатибилни и употребливи во Заедницата во прекуграничен контекст, Директивата бара усвојување на заеднички Правилата за спроведување (Implementation Rules) во голем број на специфични области (метаподатоци, спецификации на податоци, мрежни услуги, споделување на податоци и услуги и надзор и известување). Овие Правила за спроведување се донесуваат како Одлуки на Комисијата или Регулативи, и истите се обврзувачки во целост. Во процесот на усвојување на ваквите правила на Комисијата и помага Регулаторна комисија составена од претставници на земјите-членки со која претседава претставник на Комисијата (оваа постапка е позната како Комитологија).

Метаподатоци

INSPIRE Metadata Regulation (03.12.2008)

Corrigendum to INSPIRE Metadata Regulation (15.12.2009)

Commission Regulation (EU) No 1311/2014 of 10 December 2014 amending Regulation (EC) No 976/2009 as regards the definition of an INSPIRE metadata element (11.12.2014)

Спецификации на податоци

COMMISSION REGULATION (EU) No 1089/2010 of 23 November 2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data sets and services (08.12.2010)

COMMISSION REGULATION (EU) No 102/2011 of 4 February 2011 amending Regulation (EU) No 1089/2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data sets and services (05.02.2011)

COMMISSION REGULATION (EU) No 1253/2013 of 21 October 2013 amending Regulation (EU) No 1089/2010 implementing Directive 2007/2/EC as regards interoperability of spatial data sets and services (10.12.2013)

Пречистен текст на наведените правни акти

COMMISSION REGULATION (EU) No 1089/2010 of 23 November 2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data sets and services

Мрежни сервиси

Commission Regulation (EC) No 976/2009 of 19 October 2009 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards the Network Services (19.10.2009)

Commission Regulation amending Regulation (EC) No 976/2009 as regards download services and transformation service (08.12.2010)

Размена на податоци и сервиси

Regulation on INSPIRE Data and Service Sharing (29.03.2010)

Надзор и известување

Commission Decision regarding INSPIRE monitoring and reporting (05.06.2009)

Сервиси со просторни податоци

Commission Regulation (EU) No 1312/2014 of 10 December 2014 amending Regulation (EU) No 1089/2010 implementing Directive 2007/2/EC of the European Parliament and of the Council as regards interoperability of spatial data services (11.12.2014)

Транспонирање

Информација за состојбата со транспонирање на INSPIRE директивата во земјите членки може да се најде на EUR-lex сајтот. Фактот дека постои референца кон националните мерки за извршување не мора да значи дека овие мерки се сеопфатни или усогласени.

INSPIRE Позадина

Во 2002 година комесари Wallström, Solbes и Busquin договорија Меморандум за разбирање (MoU) за соработка помеѓу ENV, ESTAT и JRC за првите чекори во развојот на иницијативата INSPIRE. Овој Меморандум за разбирање беше донесен со цел да биде во функција до донесувањето на предлог за INSPIRE директива од страна на Комисијата, по што Меморандумот за разбирање треба да се ревидира и ажурира. Предлогот на Комисијата е донесен во јули 2004 година.

Овој ажуриран Меморандум за разбирање, потпишан во 2006 година, обезбеди основа за континуирана соработка помеѓу службите на Генералниот директорат за животна средина, EUROSTAT и JRC за иницијативата INSPIRE. Тој донесе преглед на улогите и одговорностите, работните аранжмани и механизмите за соработка до крајот на 2013 година.

Беше договорено дека клучен фактор на успехот за имплементација на директивата е идентификација на трајни и прецизни улоги и одговорности на секоја од водечките услуги, како и на ефикасни и ефективни механизми за координација за да се обезбеди доследност во текот на целиот процес на имплементација на INSPIRE. Трите генерални директорати кои соработуваа, исто така, се согласија да преземат целосна одговорност за натамошната отвореност и транспарентност во однос на различните заедници кои ќе бидат вклучени во спроведување на INSPIRE.

INSPIRE Тим за координација (CT)

INSPIRE тимот го сочинуваат вработени од Европската комисија од двата генерални директорати, Генералниот директорат за животна средина и генералниот директорат на Заедничкиот центар за истражување (JRC), како и вработени од Европската агенција за животна средина (EEA).

Улога: Улогата на тимот е да го координира развојот на правилата за спроведување.

Генерален директорат за животна средина

Генералниот директорат за животна средина дејствува како целокупна легислатива и политички координатор за INSPIRE. Формирањето на законски акт и неговото следење е предводено од Генералниот директорат за животна средина, со поддршка и совети од страна на Еуростат. Давајќи го примарниот фокус на INSPIRE на политиката за животна средина, како и врз основа на соработка со ЕЕА, Генералниот директорат за животна средина ги утврдува барањата за тематската политика за заштита на животната средина за INSPIRE како рамка за програмата за имплементација.

Заеднички истражувачки центар (JRC)

JRC дејствува како целокупен технички координатор на INSPIRE. JRC ја обезбедува одржливоста и развојот на техничката инфраструктура за INSPIRE и ја гарантира соработката со Европската и меѓународната истражувачка заедница. JRC исто така, ја иницира и ја следи работата на меѓународните тела за стандардизација за целите на INSPIRE и ќе биде одговорен за техничката координација со други релевантни меѓународни иницијативи.

Европска агенција за животна средина (EEA)

Во 2013 година, Европската агенција за животна средина (ЕЕА) ја зголеми својата инволвираност во координацијата на ниво на ЕУ, со преземање на задачите кои се однесуваат на следење и известување, како и споделување на податоци и сервиси под INSPIRE, како дел од на SEIS и INSPIRE активностите. EEA, исто така, ќе го искористи искуство за вмрежување преку добро воспоставената Европска мрежа за информации и набљудување на животната средина (EIONET) за зајакнување на интеграцијата на INSPIRE со други иницијативи на ниво на ЕУ, вклучувајќи го и известувањето и дистрибуција на информации за животната средина.

Забелешка:

Од 2007 до 2013 година Еуростат беше член на INSPIRE тимот за координација и дејствуваше како координатор за целокупната имплементација на INSPIRE. Еуростат и JRC заеднички подготвија програма за работа земајќи ги во предвид предложениот технички пристап и од страна на JRC обезбедените решенија за истиот, влезните податоци за изградба на барањата на политиката обезбедени од страна на Директоратот за животна средина, а земајќи ги во предвид целокупните барања на политиката предвидени од страна на групата за интер-услуги од Комисијата за географски информации (COGI). По донесувањето на директивата, Еуростат го обезбеди Секретаријатот за Регулаторната комисија на INSPIRE, како дел од своите оперативни одговорности.

Комитет на INSPIRE (IC)

Регулаторната природа на правилата за спроведување бара Комисијата да ги презентира истите на Регулаторниот комитет на претставниците од земјите – членки, кој се нарекува на Комитет на INSPIRE.

Улога: Комитетот на INSPIRE има генерален задача да и помага на Комисијата и да се произнесува по нацртот на Правилата за спроведување на предложен од страна на Комисијата. Ова мислење се доставува во форма на гласање.

Контакт точки на земјите членки (MSCP)

Секоја земја-членка мора да назначи точка за контакт, обично некој јавен орган, да биде одговорен за контакти со Комисијата во врска со INSPIRE.

Улога: Улогата на точките за контакт е да обезбедат резултати за транспонирање на INSPIRE во националното законодавство.

Точките за контакт, исто така, ќе бидат одговорни за обезбедување на редовни информации за спроведување на INSPIRE во својата земја и ќе доставуваат извештаи до Комисијата во име на земјата членка.

Група за почетна оперативна подготвеност (IOC TF)

Групата за почетна оперативна подготвеност (IOC TF) е формирана во јуни 2009 година за помош и поддршка на земјите-членки во спроведувањето на INSPIRE сервисите и за да обезбеди интероперабилност со INSPIRE геопорталот на Европската комисија. IOC TF се состои од претставници од сите земји членки, одговорни за дизајнот на архитектурата и имплементација на Националните инфраструктури на просторни податоци (ИПП).

Улога: Првичниот фокус на Групата за почетна оперативна подготвеност беше на спроведувањето на INSPIRE сервисите за Откривање и Прегледување. Обемот на Групата за почетна оперативна подготвеност беше проширен за да го вклучи спроведувањето на INSPIRE сервисите за Преземање и Трансформација.

Секоја година Европската INSPIRE конференција се одржува за да обезбеди форум за претставниците од владите, академиите и индустријата да слушнат и да дискутираат за најновите случувања поврзани со INSPIRE директивата.

Оваа конференција претставува одлична можност Европската INSPIRE директива да се претстави на заедницата и да се слушне за случувањата во Националните ИПП.

Конференциите се организираат преку серии од пленарни сесии кои обработуваат теми од заедничката политика, и паралелните сесии и работилници кои се насочуваат особено на примени и имплементации на ИПП, истражувачки теми и нови и доаѓачки технологии и примени.

9-тата INSPIRE Конференција ќе се одржи во Лисабон, Португалија, од 25-29 мај 2015 година Кликнете тука за да го посетите сајтот на INSPIRE Конференцијата 2015

Минати Конференции на ЕК ГИ и ГИС работилници

2014 8-ма INSPIRE Конференција, Алборг, Данска

2013 7-ма INSPIRE Конференција, Флоранса, Италија

2012 6-та INSPIRE Конференција, Истанбул, Турција

2011 5-та INSPIRE Конференција, Единбург, Шкотска

2010 4-та INSPIRE Конференција, Краков

2009 3-та INSPIRE Конференција, ГИПП/INSPIRE:Изградба на ИПП мостови за соочување со глобалните предизвици

2008 2-ра INSPIRE Конференција, INSPIRE:После имплементацијата

2007 1-ва INSPIRE Конференција, ЕИПП за животната средина

2006 ЕИПП:Од инспирација до имплементација

2005 ЕИПП: Поставување на рамка

2004 ЕИПП: Последен збор на техниката

2003 ЕИПП: Во служба на корисникот

2002 ЕИПП: Работа во тек

2001 ЕИПП: Управување со мозаикот

2000 Општество на просторни информации, Обликување на иднината

1999 5-та ЕК ГИ & ГИС работилница