spatial

Одржана работилница „Обука за обучувачи и управување со просторни веб услуги“

Во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, во периодот од 23 до 25 април 2018 година се одржа обука која ја спроведоа претставници на Холандскиот катастар, експерти од НИПП областа. Обуката беше организирана во рамките на проектот SPATIAL (Strengthened Professional Access To Information About Land in the Western Balkan Region), финасиран од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА предпристапната програма.

Обуката беше организирана за претставници од соодветните сектори при Агенцијата за катастар на недвижности и тоа ИТ секторот и секторот за геоматика, но исто така и за претставници од членките на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП): Министерството за внатрешни работи, Министерство за култура, Државен завод за статистика, Центар за управување со кризи, Град Скопје, како и претставници од фирмата ГДИ-Скопје. На работилницата учество земаа и гостите од Републичкиот геодетски завод на Република Србија а кои го презентираа нивното искуство од областа на националната инфраструктура а просторни податоци.

Покрај обуката за обучувачи, од која учесниците научија да обучуваат во областа на НИПП од „податок до јавен пристап на базата на податоци и нивно техничко управување“, посетителите се стекнаа и со знаења за користење на повеќе видови на софтвери и платформи (Qgis, Geonetwork, Geoserver, Apache webserver, Tomcat, Hale, INSPIRE validator и Enterprise architect), за креирање на метаподатоци/сервиси и нивно публикување.