vlada_post

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА НАЦИОНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПРОСТОРНИ ПОДАТОЦИ

Во рамките на проектот „Оптимизирана употреба на веродостојни и сигурни просторни податоци“ финансиран од Кралството Холандија, на 15 ноември 2016 година во хотел „Континентал“,  се одржа втората работилница на тема „Изработка на Стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) за периодот 2017-2019 година. Работилницата беше во организација на Агенцијата за катастар на недвижности и холандската Агенција за катастар, земјиштен регистар и картографија. На работилницата учествуваа членовите на НИПП-работните групи во кои партиципираат претставници од 20 институции членки во Советот на НИПП, како и НИПП-работната група од АКН.

 SONY DSCSONY DSC

 

 

 

 

Работилницата ја отвори директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, а свое излагање имаа и претставниците од холандскиот катастар кои го споделија искуството во оваа област со учесниците на работилницата. Воедно, беше презентиран тековниот статус на постојната Стратегија за НИПП во Република Македонија, како и резултатите од SWOT-анализата добиени на првата работилница. Предложените стратешки цели и приоритети од секоја работна група ќе бидат вградени во новата Стратегија за НИПП.

8

nipp_strategija

 

 

 

 

 

 

Со цел навремено информирање на Советот на НИПП за тековните активности во оваа област, на 16 ноември 2016 година во Владата на Република Македонија се одржа 5-тата редовна седница на Советот на НИПП. Беа презентирани активностите поврзани со изготвувањето на новата Стратегија за НИПП на Република Македонија за периодот 2017-2019 година, но беа пренесени и холандските искуства во оваа област. Темата побуди широка дискусија која ќе има позитивно влијание на понатамошните правци за развој на НИПП во Република Македонија.