vlada_post

ЗГОЛЕМЕНО ЧЛЕНСТВО НА СОВЕТОТ НА НИПП


Највисоко тело на националната инфраструктура на просторните податоци (НИПП) е Советот на НИПП во кој членуваат претставници од следните институции: Министерството за правда, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за локална самоуправа, Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Државниот завод за статистика, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за планирање на просторот, Централниот регистар на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Градот Скопје и Стопанската комора на Република Македонија (Здружение на комунални дејности или Здружение на информатичко-комуникациски технологии).

Со измените на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, објавени во Службен весник на Република Македонија број 106 од 3 јуни 2016 година, се создадени правни можности во Советот на НИПП да членуваат и Сојузот на Стопански комори на Македонија и Геолошкиот завод на Република Македонија.

nipp

На новите членки им посакуваме успешни активности во имплементација на НИПП и европската INSPIRE директивa, како и објавување на нивните податоци на Геопорталот за НИПП.