impuls_gsl

ИМПУЛС – Округла маса

Во организација на IMPULS проектот и Републичката управа за геодетски и имотно-правни работи на Република Српска, во периодот од 29-31 март 2016 година, во Бања Лука се одржа округла маса на тема „Национална Инфраструктура на Просторни Податоци во Балканскиот регион-искуства и научени лекции“. На настанот учество земаа претставници од катастарските агенции од Балканскиот регион и претставници од Советот на НИПП во Република Српска.

На округласта маса секоја земја од Балканскиот регион ги презентираше сопствените искуства во развојот на правната и законодавната рамка за Националната Инфраструктура на Просторни Податоци. Округлата маса беше вистинска прилика за споделување на искуствата и научените лекции од развојниот пат за усвојување на националните закони на НИПП.

Агенцијата за катастар на невижности од Република Македонија, на округлата маса се претстави со две излагања на следните теми: „Искуства и научени лекции“ и „Препреки и проблеми во процесот на усвојување на законот на НИПП“. Презентациите од излагањата може да се преземат на следниот линк: Искуства и научени лекции.pdf и Препреки и проблеми во процесот на усвојување на законот на НИПП.pdf.

banja_luka1   banja_luka2   banja_luka3