impuls_gsl

ИМПУЛС национална работилница

На 23 и 24 февруари 2016 година, во едукативниот центар М6 во Скопје, под покровителство на регионалниот ИМПУЛС проект се одржа македонска национална работилница.

На првиот ден од работилницата, во првата сесија шведските консултанити ги презентираа нивните искуства во областа на INSPIRE директивата, координацијата и воспоставувањето на Националната Инфраструктура на Просторни Податоци (НИПП). Како значајни елементи за успешна имплементација на НИПП, тие ја потенцираа потребата од  континуирана взаемна соработка помеѓу субјектите во НИПП и градење на меѓусебната доверба.

Од страна на субјектите во НИПП во Република Македонија, беа презентирани НИПП активностите на национално ниво, како и активностите кои се реализираат во Агенцијата за катастар на недвижности, Центарот за управување со кризи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вториот ден од работилницата беше посветен на пренесувањето на стекнатите искуствата од ИМПУЛС проектот во рамки на трите работни пакети: 3-хармонизација на податоци, 4-метаподатоци и 5-веб услуги. Презентациите беа изготвени и детално елаборирани од страна на вработени во Агенцијата за катастар на недвижности кои партиципираат во ИМПУЛС проектот. Секоја презентација беше пропратена со богата дискусија на која дирекно се разменуваа стекнатите искуства. Учесниците ја потенцираа потребата од почесто одржување на работилници од ваков тип на кои ќе може да се разменуваат стекнатите знаења во областа на НИПП.

impuls4   impuls5   impuls1