vlada_post

Трета седница на Советот на НИПП

На 18 декември 2015 година, во Владата на Република Македонија се одржа третата редовна седница на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци.

На дневен ред на седницата беа ставени неколку точки, од кои како позначајни се издвојуваа точките кои се однесуваа на разгледување и прифаќање на Годишната програма за националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) за 2016 година и Договорот за размена на збирки на просторни податоци и услуги помеѓу субјектите во НИПП.

На седницата беа разгледани и беа прифатени поднесените барања од страна на Сојузот на стопански комори на Република Македонија и Геолошкиот завод на Република Македонија за полноправно членство во Советот на НИПП.

nipp3sovet    nipp3sovet1