spatial

Активности на проектот „СПАТИАЛ“

Во периодот од 30 јануари до 1 февруари 2019 година во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија се реализира четвртиот сегмент од холандскиот проект СПАТИАЛ кој е регионален, а кај нас е поврзан со Националната инфраструктура на просторните податоци (НИПП). Овој пат, на иницијатива на АКН, а во соработка со холандските експерти, вниманието е насочено кон зајакнување на меѓусебната соработка и тоа не само од техничка гледна точка, туку и во врска со зајакнувањето на капацитетите на заедницата на НИПП во Македонија.

Покрај публикувањето на геопросторните информации преку националниот геопортал, важен сегмент е и професионалниот пристап кон користењето на гео-просторните податоци објавени на националниот геопортал во форма на веб сервиси. Одржаната работилница пред сè беше во врска со креирањето на сервисите, но фокус беше ставен и на користењето на податоците.

Во рамки на овој сегмент од проектот, беше промовиран и Водичот за оперативна имплементација за НИПП, кој има за цел да ги поттикне субјектите во НИПП поактивно да се вклучат во неговата имплементација.

Водичот за оперативна имплементација за НИПП (преземи документ)

НИПП инфо (преземи документ)