vlada_post

Прва редовна седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци

Како круна на активностите во врска со НИПП (националната инфраструктура на просторни податоци) од претходните два дена, на 14 јуни 2018 година во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности, се одржа и првата редовна седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци. Овој Совет е формиран со решение од Владата на Република Македонија во март 2018 година.

На седницата, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија го извести Советот за статусот на активностите поврзани со НИПП, а пред присутните од страна на консултаните од ИМПУЛС проектот беа презентирани искуствата во оваа област од Шведска и Хрватска.

Беше разгледана и Предлог-годишната програма за НИПП (националната инфраструктура на просторни податоци) за 2018 година. За програмата Советот даде позитивно мислење.